Екипата на Тиквеш денеска промовираше четири нови имиња. Согласно најавите на ЕКИПА од пред неколку дена, денеска освојувачот на Купот се засили со голманот Стефан Тасев, потоа Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев и Давид Манасиевски.
Тасев е млад голман кој што досега бранеше во Вардар Неготино, а во минатото беше дел од младинските категории на Вардар, потоа и во Македонија ЃП.
Давид Манасиевски доаѓа од екипата на Силекс, додека Ѓорѓи Ѓорѓиев играше за Брегалница и ќе биде засилување на десната крилна позиција. Левиот бек Михаил Маневски исто така доаѓа од Брегалница. Последните двајца се искусни фудбалери, со огромно исксутво низ настапите во Првата лига во неколку клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА