Тиквеш со доминантна партија во Скопје стигна до убедлив триумф над Бутел славејќи со 21-33 со што воедно и го завери своето место во разигрувањето на четири кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната.
Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот, рано ја наметнаа својата игра и без многу маки стигнаа до триумфот број девет.
Евгениј Темелкоски со осум и Кристијан Анастасовски со седум погодоци беа први имиња кај Тиквеш, додека Бутел го предводеа Дамјан Субашевски со шест и Димитар Узунчев со пет гола.
На триумф се радуваше и екипата на Радовиш која го доби дуелот против Струга на домашен терен со 33-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

