Кошаркарите на Тиквеш стигнаа до изненадувачка победа на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром со 75-80 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во Првата лига и со тоа ја задржаа шансата за пласман во плеј-офот.
Иако аеродромци го осигураа „бројот 1“ пред плеј-офот, сепак тоа не ја намалува сензацијата која ја приредија денеска кавадарчани.
Гостите беа за нијанса подобар противник во првите три четвртини, па по 30 минути игра имаа предност од пет поени 53-58. Иако подобро го отворија и последниот период во кој во неколку наврати имаа и плус осум, актуелниот шампион успеа да се врати во игра и да го внесе мечот во неизвесна завршница (73-74).
Сепак, гостите успеаја да го сопрат налетот на шампионот и на крајот да стигнат до голем триумф од 75-80. Шоу Андерсон со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Деон Едвин исто така заврши со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА