Ракометарите на Тиквеш стигнаа до третата победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва во 8. коло од Суперлигата славеа на гостувањето кај Прилеп со 28-32.
Гостите одиграа подобро прво полувреме, па по триесет минути игра имаа предност од три гола 12-15. Во вториот дел успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечен триумф од 28-32.
Димитар Коцев со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Томислав Квастек исто така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА