Тиквеш е победник на првото издание на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ откако кавадаречкиот клуб триумфираше во финалето против Партизан, по подобро изведување на пеналите.
Финалната пресметка донесе две различни полувремиња, во првото доминираше составот од Србија, кој стигна до преубедлива предност од 9-15, но Тиквеш покажа карактер, успеа да се врати и по 60 минути игра резултатот беше израмнет, 29-29. Во пенал-рулетот поумешни беа кавадарчани, кои триумфираа со конечни 33-32, кревајќи го пехарот.
Најефикасен на натпреварот беше бекот на Тиквеш Страхиња Симиќ кој постигна 12 гола и беше прогласен на најкорисен играч на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

