Тиквеш го „почести“ Шкупи со „100“

Кошаркарите на Тиквеш запишаа голема победа во борбата за опстанок во Првата лига откако вечерва на домашен терен во меч од 17. коло во македонскиот шампионат славеа над Шкупи со 106-92.

Гостите одиграа подобро во првиот период кој го добија со 22-26. Домаќините возвратија во втората четвртина па на пауза се замина со резултат 46-47. Клучна во мечот беше третата четвртина во која домаќините постигнаа 33 поени и го решија победникот (79-61). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 106-92.

Хил и Григоријевиќ со по 23 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 38 поени на Секој Сила.

Се вчитува...