Младиот фудбалер на Тиквеш, Ѓоко Спасов, пролетниот дел од сезоната ќе го мине во Турција, во тимот на Шерик Спор. Тој ќе настапува како позајмен до крајот на сезоната. Станува збор за второлигаш од Анталија.
Спасов потекнува од младинската школа на кавадаречкиот тим, и во есенскиот дел од сезоната ги имаше првите настапи во сениорската екипа на Тиквеш.
„Му посакуваме среќна и успешна полусезона“, објавија од ГФК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

