Тиквеш го пречекува Работнички во првиот меч за двата тима во новата сезона во ПМФЛ

Фудбалерите на Тиквеш денеска на домашен терен ќе го пречекаат Работнички во првиот натпревар за двата тима во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Кавадарчани со големи амбиции влегуваат во новата сезона во која сакаат да ја поправат сликата од минатата во која се бореа само за опстанок.

Од друга страна Работнички по седум сезони се врати во Европа, па и оваа година цел за тимот од „Дебар маало“ е борба за европско лето следната сезона. Натпреварот е закажан со почеток во 17.30 часот.

ПМФЛ 1. КОЛО: 

ПЕТОК: 

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1 

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1

САБОТА: 

БАШКИМИ – АРСИМИ 1-1 

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0

ДЕНЕСКА: 

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 

ПОНЕДЕЛНИК: 

СИЛЕКС – АП БРЕРА 

Се вчитува...