Тиквеш го претстави Бразилецот Витор Алберто

Бразилецот Витор Алберто Алвеш Рибеиро е првото интернационално засилување за Тиквеш за новата сезона во која освојувачот на Купот на Македонија ќе има настап и во квалифиакциите во Конференциската лига.

Клубот од Кавадарци официјално го објави потпишувањето на договорот со Витор, кој за првпат ќе игра надвор од Бразил. Досега, тој настапувал за неколку локални бразилски екипи, а минатата сезона ја помина во тимот на Ривер АЦ.

Тиквеш во првото коло од Конференциската лига ќе игра против исладнски Бреидаблик.

Се вчитува...