Тиквеш го задржа и пивотот Стефановиќ

Тиквеш продолжува со задржување на клучните играчи за наредната сезона откако кавадаречкиот суперлигаш денеска потпиша нов договор и со Никола Стефановиќ, српскиот пивот кој имаше одлични игри во дресот на овој тим минатата сезона.

Стефановиќ е член на Тиквеш од 2021 година кога дојде од шведскиот шампионат, лани тој беше меѓу најзабележителните во тимот и кај Брестовац и кај Матлиески, доволна причина да се настојува на продолжување на соработката. Преговорите вродија со плод, па Стефановиќ денеска и официјално го потпиша новиот договор, што е уште еден значаен чекор по задржувањето на Страхиња Симиќ, но и трансферот на Мирко Мајиќ од таборот на Бутел.

Во текот на вчерашниот ден Тиквеш објави дека ја продолжува соработката и со Димитар Коцев и Евгениј Темелкоски, крилните ракометари кои и во следната сезона ќе продолжат да ги бранат боите на Тиквеш.

Се вчитува...