Македонските фудбалски прволигаши Тиквеш и АП Брера со заедничко соопштение ја информираат јавноста после информациите за инцидентот помеѓу два фудбалери по натрпеварот од 26. коло од Првата Македонска фудбалска лига.
МВР информираше дека во неделата попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“ по што е поднесена соодветна пријава.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:
,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клупскиот автобус на Брера-Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата фудбалери даваа изјава во полиција за случајот. Како два фудбалски клубови кои негуваат дологодишно пријателство и соработка но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи фудбалери кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи. Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот спорт, ја имаме таа привилегија но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спротот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија. За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спротски настани во Кавадарци и Струмица“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА