Ракометарите на Тиквеш успеаја да дојдат до петтата победа по ред во Суперлигата, совладувајќи го на домашен терен составот на Охрид. Домашните ракометари славеа со 32-30, а на полувремето кавадарчани имаа предност од четир гола разлика.
Тиквеш имаше предност во текот на целиот меч, но нивната опуштеност во финишот можеше да „им се одбие од глава“, овозможувајќи му на Охрид да се врати од „мртвите“. Но, на нивна среќа и охриѓани не најдоа сили да направат пресврт.
Залудни беа 11-те гола на Цицар кај Охрид. Кај победничкиот тим Обина даде осум голови, а се истакна и голманот Јанко Гемаљевиќ кој заврши со 11 одбрани.
Во текот на натпреварот имаше и неколку жестоки дуели, во кои дел од играчите останаа и без опремата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА