Ракометарите на Тиквеш ја запишаа првата победа во рамки на второто коло од македонската Супер-лига, откако успеаја да слават над Радовиш со 32-25.
Домаќините својата желба за победа ја покажаа уште во првиот дел. Одиграа квалитетна одбрана и одличен напад, за кој гостите не најдоа одговор. На пауза заминаа со предност од 16-14.
Во вториот дел ракометарите на Тиквеш продолжија да ја одржуваат играта под своја контрола, предноста постојано растеше, а ваквиот пристап кон играта им донесе мирна завршница за први три бода на контото во првата македонска лига.
Никола Стефановиќ и Димитар Коцев со по шест гола се истакнаа кај Тиквеш, додека најдобар поединец во таборот на Радовиш беше Здравко Постолов со осум гола.
Охрид беше подобар од Прилеп и со 33-26, обезбедувајќи ја првата победа во новата сезона. Домаќините своето водство претходно го обезбедија и во првото полувреме, 16-10. До крајот рутински го запчеатија триумфот за деби три бода.
Никола Грубиќ со седум гола доминираше кај домаќините, додека кај гостите се истакнаа Мириани Гавашелишвил, Давор Шокоски и Христи Бикоски со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

