Тиквеш и Шкендија веќе ги знаат сите можни противници во Конференциската лига

Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Тиквеш и Шкендија веќе ги знаат сите свои можни противници во 1.квалификациско коло.

Шкендија е во носителската група тимови, согласно клупскиот коефициент, и сигурно ќе има полесен противник на стартот од натпреварот, додека Тиквеш е во групата на неносители па меѓу можните противници има и екипи како Жалгирис, Динамо Тбилиси, Будуќност, Сараево, Тирана, Дери сити…

Ждрепката за 1. квалификациско коло е закажана за 18/19. јуни, а првите натпревари од 1. коло се играат на 11. јули. Реваншите се закажани на 18. јули.

Се вчитува...