Тиквеш и Скопје имаат предност против Воска спорт односно Беласица по првите 45 минути од бараж-пресметките за опстанок во Првата лига.
Тиквеш води со 2-1 против Воска. Спахиу во 12. минута ги донесе кавадарчани во водство од 1-0, а веќе во 17. минута Ивановски зголеми на 2-0. Емини во 43. минута намали на 2-1.
Скопје, пак, има водство против Беласица од 1-0 на дуелот во Штип благодарение на голот на Филип Јаневски во 30. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА