Тиквеш имаше 20 поени предност против Феникс, па „трепереше“ за триумфот

Кошаркарите на Тиквеш успеаја да дојдат до победа во 17. коло во кошаркарската Супер-лига. На гостувањето кај Феникс остварија триумф од 87-76, меѓутоа испуштија огромна предност, а во финишот мораа да треперат, со оглед дека домашните дојдоа до негатива од шест поени во финишот на мечот.

Тиквеш мирно ја градеше разликата, на полувреме замина со предност од само три поени, но клучната разлика ја направи во третиот период, кој го доби со 27-10, за да влезе во финишот со +20 поени разлика.

Меѓутоа Феникс со одлична серија ја стопи разликата, дојде до шест поени, но како да се потроши, па немаше сили да направи огромен пресврт.

Глигоријевиќ кај Тиквеш беше најефикасен со 22 поени, додека Минси и Парсон го следеа со 20, односно 19 поени. Кај Феникс Рахама беше најефикасен со 18 поени.

Се вчитува...