Кошаркарите на Тиквеш триумфираа во драматичен меч со 84-83 против Куманово во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига, запишувајќи ја својата четврта победа сезонава.
Кавадарчани имаа контрола на резултатите низ целиот тек од дуелот, во последната четвртина влегоа со предност од девет поени разлика, но дозволија последниот период гостите да го добијат со 15-23 и да внесат неизвесност, но не успеаја да дојдат до комплетен пресврт.
Хил со 31 поен беше предводникот во победата на Тиквеш, а по 16 поени постигнаа Пантелиќ и Младеновиќ. Кај гостите се издвоија Радукиќ со 22 поени и 11 скока, како и Волер со 21 поен и Тадиќ со 18 постигнати поени.
Кожув, пак, без никакви проблеми убедливо со 77-103 славеше на гостувањето против Вардар.
Вилсон со 24 поени и 10 асистенции, како и Пилепиќ со 18 поени беа најефикасните во победата на гевгеличани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА