Во пријателски натпревар меѓу македонскиот шампион и освојувачот на Купот на Македонија, во рамките на своите подготовки за настапот на европската сцена ова лето, Тиквеш денеска во Струга славеше против Струга ТЛ со 3-4.
Во голеадата покрај Охридското езеро, кавадарчани до победата дојдоа со головите на Спахиу, новите засилувања Мартин Стојанов и Бразилецот Витор Алберто, како и автоголот на Таири. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Шабани, Укпа и Компаоре.
Тимот на Ќатип Османи во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе игра против словачка Слован Братислава, додека Тиквеш во квалификациите за Конференциската лига ќе стартува против исландски Бреидаблик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА