Тиквеш влезе во нова победничка низа во Суперлигата со триумф од 24-21 над Прилеп во 9. коло, намесувјќи го третиот пораз од прилепчани едно по друго.
По изедначената игра во воведот на натпреварот кавадарчани успеаја со серија од 3-0 да стекнат предност (7-4) која не ја испуштија до крајот на средбата. Тиквеш одолеа на налетот на прилепчани пред самиот крај на првото полувреме (11-10), задржувајќи ја предноста од 14-11 по првите 30. минути игра и продолжи во ист стил до крајот на средбата.
Мијушковиќ со пет голови беше лидер на Тиквеш, додека осум голови за Прилеп постигна Димитриоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

