Ракометарите на Тиквеш загубија загубија со 27-31 на гостувањето против грчкиот тим Драма во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Европската лига на ЕХФ.
По израмнето прво полувреме кое домашните го добија само со 14-13, потоа следеше далеку подобра игра на домашните во нападот во второто полувреме.
Драма имаше предност и од 27-20 во еден момент во вториот дел, но македонските ракометари во финишот успеаја да намалат за подносливи четири гола разлика на крајот, 31-27.
Манасков со пет гола и Мијатовиќ и Кофилоски со по четири погодоци беа најпрецизни кај Тиквеш, додека Критикос и Пападопулос со по седум гола беа најефикасни кај Драма.
Реваншот се игра на 22 септември во Кавадарци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА