Тиквеш ќе игра со косовска Дрита ако го мине Бреидаблик, а Шкендија оди на Малта ако ја елиминира Ноах

Македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА ги дознаа своите противници и за 2. коло од квалификациите.

Ако успеат да го минат исландски Бреидаблик во првото коло, фудбалерите на Тиквеш потоа се чини одат на полесна задача против косовската Дрита во 2. коло од квалификациите, одлучи денешната ждрепка во Нион.

Шкендија, пак, ако ја елиминира ерменската Ноах, потоа оди на Малта против екипата на Слиема Вондерерс.

Се вчитува...