Ракометарите на Тиквеш без поголеми проблеми го совладаа тимот на РК Аеродром со 29-39 (15-20). Во целиот тек на мечот гостите ја имаа предноста, која само константно ја зголемуваа, за на крај убедлив триумф. Темелкоски беше незапирлив за домаќините и постигна 11 голови, носејќи го Тиквеш кон победа. Кај домаќините, пак, Костов постигна 10 голови.
Струга имаше проблеми во првиот дел да дојде до победата нд Куманово, но на крајот успеа да стигне до бодовите со резултат 30-26. Бугариновиќ кај домашните со 11 голови се истакна како најдобар стрелец. Кај гостите Даневски постигна шест.
Во последниот меч одигран денеска, Голден Арт стигна до победа на гостувањето во Неготино со 24-26. Голден Арт успеа во намерата по голем пресврт, откако неготинци имаа предност на полувремето од 14-12.
Девет голови за гостите постигна Мице Шилегов, додека кај домашните Адамовиќ беше најефикасен со осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА