Ракометарите на Тиквеш стигнаа до првата победа сезонава во Суперлигата, откако во последниот меч од 3. коло на домашен терен без поголеми проблеми славеа против Куманово со убедливи 36-25.
По елиминацијата од Драма во ЕХФ купот, кавадарчани одлично се рехабилитираа и на сигурен начин стигнаа до првиот триумф сезонава. Уште во првото полувреме Тиквеш ја покажа разликата во квалитет па веќе на пауза имаше сигурни плус пет 15-10. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 36-25.
Дури четворица ракометари кај победникот завршија со по пет гола (Кофиловски, Лазов, Коцев и Обина). Кај поразените по пет гола постигнаа Димевски и Мораиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА