Ракометарите на Тиквеш стигнаа до лесна победа на гостувањето кај Скопје 2020 со 20-29 во натпревар од 4. коло во Б групата во ракометната Суперлига на Македонија. Гостите почнаа фуриозно уште од самиот старт и по првите 30 минути веќе имаа убедлива предност од 11-18.
Во вториот дел кавадарчани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 20-29. Симиќ со девет гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Јакимовски, Трајковски и Бајрактаревиќ.
Во А групата бодовите ги поделија Струга и Прилеп играјќи 25-25. Кај домаќините по шест погодоци постигнаа Костоски и Бугариновиќ, додека кај гостинот најефикасен со осум беше Гавашелишвили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА