Тиквеш експресно го реши прашањето на нов тренер откако досегашниот стратег Данило Брестовац го напушти кормилото на кавадаречкиот суперлигаш и ја прифати понудата да стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати. За негов наследник денеска беше именуван Никола Матлиески, кој ја прифати понудата да го води Тиквеш до крајот на оваа сезона, со можност за продолжување на соработката и во новиот шампионат на Македонија.
Матлиески долги години беше предводник на екипата на Пролет, сезонава ја почна на чело на скопскиот клуб ГА, од каде си замина пред неколку месеци. Овој стратег со Пролет обезбеди излез во ракометна Европа пред неколку години, а сега ќе се обиде истиот успех да го повтори и како предводник на Тиквеш.
Матлиески своето деби на клупата на новиот клуб ќе го има викендов, на неделното гостување во Битола против Еурофарм Пелистер 2. Тиквеш моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со 14 бода, два повеќе од петтопласираниот Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА