Фудбалскиот клуб Тиквеш отвори книга на жалост во чест на трагично загинатиот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби животот во ужасниот пожар кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани и однесе 59 млади животи.
25-годишниот Андреј, кој е од Кочани, низ актуелнава сезона настапуваше за Шкупи, а претходно беше дел од хрватските прволигаши Горица и Рудеш кои исто така искажаа огромна почит за македонскиот фудбалер.
Во младинските фудбалски денови настапуваше за Металург, а во домашното првенство има настапи и за Работнички, како и за Тиквеш кој токму затоа, на градскиот плоштад во Кавадарци, отвори и книга на жалост за својот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА