Ракометарите на Тиквеш доживеаја убедлив пораз на гостувањето против турски Бешикташ со 31-20, во првиот натпревар од стартното коло во ЕХФ Европскиот куп кој минатата година го освои македонскиот Алкалоид.
Кавадарчани одиграа очајно прво полувреме кое пресуди околу победникот на натпреварот, постигнувајќи срамни само три гола за цели 30 минути.
Бешикташ го доби првото полувреме со 16-3 и веќе се беше јасно околу победникот на мечот.
Во второто полувреме домашните „намалија ритам“, и главно во израмнета размена на „гол за гол“, на крај се стигна до конечна победа на Турците од 31-20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

