Тиквеш продолжи да победува: Ивановски и Нгоба за убедлив триумф над Македонија ЃП (ВИДЕО)

Тиквеш ја продолжи победничката серија, откако денеска во првиот меч од 10. коло го совлада составот на Македонија ЃП. Ивановски и Нгоба беа херои на кавадарчани, кои постигнаа по два гола. Ѓорчепетровци немаа свој ден во Кавадарци, а сметаа дека двата гола (првиот и третиот) се нерегуларни, но залудни беа протестите. Иако во поголем дел од првиот дел беа подобар противник, сепак, две минути невнимание ги чинеше два негатива на полувремето, а потоа во вториот дел уште два гола а конечен триумф од 4-0.

Македонија ЃП играше солидно во првиот дел. Имаше 2-3 позиции од кои можеше да дојде до водство, а потоа своите минути на добра игра со два гола ги круниса Тиквеш. По левата страна Карчевски се проби, додаде во средината на шеснесетникот каде што имаше удар, а одбиената топка од Стевковски во гол ја претвори Ивановски во 44. минута. Гостите бараа прекршок од Пецов, но не го добија.

Веднаш во следната акција Нгоба зголеми на 2-0. Одбраната на Тиквеш одлично расчисти со долга топка напред, а брзоногиот Камерунец стигна пред Илиевски, успеа да шутира и да ја смести топката во мрежата ан Стевковски за водство од 2-0 на полувремето.

Уште на стартот од вториот дел Тиквеш се стекна со уште поубедливо водство. Судијата Качевски досуди пенал, сметајќи дека Пецов играл со рака во шеснаесетникот, а не вродија со плод ниту протестите од гостинските играчи, кога Качевски остана на својата одлука. Сигурен реализатор од белата точка беше Ивановски кој со вториот гол на средбата донесе 3-0.

Ако имаше некои дилеми околу победникот на овој меч, тие беа разрешени во 80. минута кога Нгоба одлично се загради, ја прими топката и од свртување на смести во голот на Светковски за конечни 4-0 од средбата.

Се вчитува...