Екипите на Тиквеш и на Струга го одиграа последниот меч од третото коло во Групата „А“ во Суперлигата. Ракометарите на кавадаречкиот тим беа поуспешни и го совладаа својот ривал со 27-22. Без никаква неизвесност, Тиквеш беше подобар противник и на крајот заслужено славеше, и се израмни со бројот на победи на Алкалоид.
Домашниот тим имаше позитива на полвуремето од 14-10, и речиси во текот на целиот меч го контролираше резултатот. И покрај тоа што стружани стигнаа едно време до -1 во вториот дел, сепак, Тиквеш секогаш наоѓаше начин како да се справи со таа ситуација, и повторно да дојде до добра разлика.
Мајкиќ и Симиќ постигнаа по шест голови и беа најефикасни кај кавадаречкиот тим, додека Стефановиќ постигна четири. Бугариновиќ кај Струга постигна осум гола и беше најдобар на мечот по бројот на постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА