Подготвувајќи за настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, кавадаречки Тиквеш продолжува со одличниот победнички ритам низ тест периодот.
Кавадарчани денеска во Охрид, славеа со 2-1 и против косовскиот суперлигаш Лапи, кој пред три дена, пак, ја победи Шкендија со 0-2 во Тетово.
Тиквеш поведе со голот на Спахиу во 22. минута од средбата, а откако противникот израмни на 1-1 со гол во 36. минута, победничкиот гол за кавадарчани го постигна Михаилов во 75.минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА