Тиквеш против Арсими за одлепување од дното!

Со продолжението на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига, денеска во 10. коло Арсими гостува во Кавадарци, каде ќе се соочи со екипата на Тиквеш, која е позната по својата цврста и борбена игра на домашен терен. Арсими ја заврши неделата со интензивни тренинзи и детална анализа на противникот, со цел подобрување на сопствената игра во сите линии.

Крилниот напаѓач Шпенд Асани вели дека тимот е целосно подготвен и мотивиран.

“Работевме многу напорно оваа недела и знаеме што не очекува во Кавадарци. Нема да биде лесно, но сме подготвени да дадеме се на теренот. Свесни сме дека не очекува многу тежок натпревар против квалитетен противник како Тиквеш, особено на нивниот терен во Кавадарци. Сепак, нашиот тим работеше напорно во текот на неделата, ја анализиравме нивната игра и сме максимално подготвени да дадеме се на теренот. Имаме почит кон секој противник, но не се плашиме од никого. Нашата цел е да покажеме дисциплинирана, борбена и срцеста игра како што секогаш го карактеризира Арсими” – вели Асани и дополнува:

„Убеден сум дека ако го спроведеме планот на тренерот и дадеме максимум, можеме да освоиме позитивен резултат и на овој тежок терен. Им благодарам на нашите навивачи за постојаната поддршка тие се нашата дополнителна сила на секој натпревар”.

Натпреварот Тиквеш – Арсими ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 14:30 часот.

Се вчитува...