Фудбалерите на Тиквеш го доживеаја првиот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига, со 1-2 пред своите навивачи од Шкендија.
Но, кавадарчани се револтирани на судењето на натпреварот за кое реагира првиот човек на тимот и градот Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев.
„Пред се големи честитки до сите играчи и раководството на ГФК Тиквеш. Ова беше еден борбен натпревар во кој покажавме дека нашите играчи се подготвени за понатамошни победнички натпревари. Честитки и до противникот ФК Шкендија за денешната победа. Но она што остави белег на денешниот натпревар е катастрофалното судење на судијата Димитар Пилешков кој дефинитивно не заслужува да суди во Првата фудбалска лига. Управата на ГФК Тиквеш ќе побара од Фудбалската федерација овој судија во иднина да не биде присутен на натпреварите од првата фудбалска лига“ – вели Јанчев во својата реакција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

