Тиквеш се пофали со новите засилувања и ги „запали моторите“ (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Тиквеш денеска во Кавадарци ги започна подготовките за новата сезона и воедно ги претстави новите засилувања од кои најзвучно име е Даниел Мојсов за кој ова воедно значи и враќање на местото од каде ја започна сениорската кариера во 2005 година.

Покрај поранешниот македонски репрезентативец на градскиот стадион истрчаа и Џемал Ибиши, Филип Михаилов, Миле Тодоров, Благоја Спиркоски, Глигор Шиков и Глигор Дончев.

Се вчитува...