Тиквеш се разбуди во вториот дел и го освои Радовиш

Ракометарите на Радовиш, кои редат порази во Првата лига, имаа изненадувачко водство по првиот дел над Тиквеш со 13-11, но не можеа да го издржат темпото, па на крајот составот од Кавадарци славеше со 33-26, поради големиот пресврт во второто полувреме.

Домашниот тим имаше негатива од 10-11 пред самиот финиш од првиот дел, меѓутоа со три гола успеа да дојде до предност од +2. Ама и тоа не беше доволно за сензација.

Така Тиквеш во второто полувреме ја презеде контролата, веднаш дојде до предност од 13-16 со пет голови по ред. Потоа и до највисоките осум голови предност (20-28), со што беше јасно кој ќе ги однесе бодовите.

Кај Тиквеш Димитар Коцев и Богдан Мијушковиќ беа најефикасни со по седум голови, шест постигна Мартин Димовски. Кај Радовиш најдобар во тој сегмент беше Мартин Димов со осум голови.

Се вчитува...