Тиквеш се засили пред дуелот со ТФТ

Македонскиот кошаркарски прволигаш Тиквеш во следниот период ќе може да смета на услугите на американскиот бек Ајзеа Хил.

Дваесетичетиригодишникот во Кавадарци пристигнува од редовите на унгарскиот ОСЕ каде беше најавен како големо засилување, но одигра само еден натпревар. Претходно оваа сезона настапуваше за Каледонија во првенството на Велика Британија како и на пет натпревари во ФИБА Еврокупот бележејќи просек од 6.8 поени, 5.0 асистенции и 1.2 скокови.

Тиквеш во следниот натпревар ќе се сретне со лидерот на табелата, екипата на ТФТ.

Се вчитува...