Кавадаречки Тиквеш, во битката за првата позиција во Втората лига – Исток, за пролетниот дел од сезоната се засили со двајца младински репрезентативци на Македонија, членови на селекцијата до 19 години.
Едиз Спахиу, кој доаѓа од редовите на Гостивар, како и Филип Костовски од Силекс, се двете нови имиња за кавадарчани.
„Во составот на нашиот тим се очекува да пристигнат уште неколку засилувања пред почетокот на пролетниот дел од тековната сезона“ – порачуваат од Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА