Екипата на Тиквеш ги засили своите редови за вториот дел од сезоната потпишувајќи договор со Здравко Постолов, левиот бек кој пристигнува од редовите на Радовиш.
Кавадарчани не ги исполнија очекувањата во првиот дел од сезоната освојувајќи го четвртото место во групата, не пренесувајќи ниту еден бод во плејофот, но се надеваат дека со ангажманот на Постолов дополнително ќе добијат на квалитет на бековската линија и ќе се вмешаат во борбата за излез во ракометна Европа.
„Младиот и перспективен лев бек Здравко Постолов, кој континуирано се наоѓа на врвот на ТОП стрелци во Супер машката лига, потпиша договор за оваа и наредната сезона, и е најновото засилување на ГРК ТИКВЕШ 2014“, објавија кавадарчани на клупскиот фејсбук-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА