Тиквеш се засилува со младински репрезентативец на Гвинеја

Младиот крилен играч од Гвинеја, 20-годишниот Нфанли Сила е пред трансфер во Тиквеш. Овој играч кој е дел од младинската селекција на својата земја, постигна договор со кавадаречкиот клуб, и само прашашње на часови е кога ќе се приклучи на Тиквеш, кој е на подготовки во Анталија.

Првичниот договор е на две години, со можност да биде продолжен на уште една. Сила има четири настапи за младата селекција на Гвинеја. Игра на десната крилна позиција, но може да игра и на другата страна.

Сила во Тиквеш доаѓа од Кипар, од тимот на Думлупинар, а претходно играше во Јеничами од Кипар, и Кециорен од Турција. Во својата земја настапуваше за тимот на Калоум.

Се вчитува...