Тиквеш си обезбеди опстанок по бодот на Чаир, Вардар славеше во градската пресметка со Работнички (ВИДЕО)

Тиквеш и дефинитивно си обезбеди опстанок во елитното друштво откако во денешното 32. коло во Првата македонска фудбалска лига, ремизираше (1-1) на гостувањето против Шкупи во Чаир освојувајќи бод доволен за сигурно избегнување на позицијата која води во баражот за опстанок во Првата лига. А, последното коло од шампионатот следната недела ќе одлучува дали АП Брера или Беса ќе биде последната екипа која ќе обезбеди директен опстанок и ќе го избегне баражот со третопласираната екипа од Втората лига.

Тиквеш одигра без победник (1-1) со Шкупи на Чаир.

Кавадарчани први поведоа со голот од пенал на Миловановиќ во 39. минута…

Но, Шкупи израмни со евро-голот на Имери од 30 метри во 42. минута.

Шкупи во второто полувреме постигна гол и за победа, но неоправдано беше поништен поради наводна офсајд позиција иако домашниот напаѓач не беше во недозволена позиција.

На натпреварот во Струга, струмичка Брера ремизираше (1-1) со домашната Струга ТЛ па во последното коло ќе мора да се спасува од баражот.

Струга ТЛ поведе со голот на Кехинде во 19. минута, но АП Брера израмни веќе во 23. минута со погодокот на Нзенгуе за конечни 1-1.

Во скопската дерби-пресметка Вардар триумфираше против Работнички со 0-1 на дуелот кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Победата за „црвено-црните“ ја донесе Закариќ со голот од пенал во 68. минута.


ПРВА ЛИГА – 32. коло
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
Закариќ 68′(п)
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 0-0
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 1-1
Имери 42′ – Миловановиќ 39′(п)
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 1-1
Кехинде 19′ – Нзенгуе 23′
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службено)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 0-3 (службено)

Се вчитува...