Кошаркарите на Тиквеш стигнаа до нова победа во кошаркарскиот шампиона на Македонија, откако вечерва на домашен терен славеа со 84-80 во 15. коло од Првата лига.
Гостите одлично го отворија натпреварот, па по првата четвртина имаа двоцифрена предност (13-24). Уште пофуриозно домаќините возвратија во вториот период, па на пауза меѓу двете полувремиња отидоа со позитива од 41-35.
Во вториот дел двата тима си поделија по една четвртина, што беше доволно за Тиквеш да се радува на нов триумф 84-80. Александар Пантелиќ со 21 поен и 10 скока беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 25 поени на Фран Пилепиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА