Екипата на Тиквеш се избори за историски пласман во европските купови, по што кавадарчани решија да се активираат и на трансфер-пазарот.
Ново име на кавадаречкиот суперлигаш од наредната сезона ќе биде Марко Мајиќ, црногорскиот крилен ракометар кој ќе пристигне од редовите на Бутел. Мајиќ во последните пет сезони успешно ги бранеше боите на Бутел, но летово се реши за нов предизвик во кариерата, прифаќајќи ја понудата на Тиквеш.
„Добредојде во нашето семејство“, објавија кавадарчани на официјалниот фејсбук профил, потврдувајќи го доаѓањето на Мајиќ.
Тиквеш неодамна потпиша нов договор со својот најдобар ракометар, Србинот Симиќ, а во наредните денови се очекуваат нови информации околу активностите на овој клуб на трансфер-пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА