Екипата на Тиквеш денеска како и многу прволигаш ги почна подготовките за втората полусезона. Тимот од Кавадарци подготовките ќе ги одработи на својот стадион и во Анталија.
Новина е тоа што Тиквеш донесе бизнис партнер од Турција во името на Цезар Браво кој ќе работи со играчите и ќе биде дел од организациската структура на екипата. Претседателот Миле Масларков верува дека тимот ќе оди на подобро.
„Почнува подготвителниот дел, каде Тиквеш се консолидира. Ние прво во своите редови донесе партнер од Турција, Цезар Браво со неговата менаџерска агенција кои ќе бидат наши партнери во иднина. Донесовме спортски директор, Љупчо Трајковски кој ќе работи со играчите, и организациската структура. Мислам дека клубот со ова ќе оди на подобро. Наша цел е да се избори опстанок, и ако е можно погоре да се пласираме. Некои играчи го напуштија клубот, но се работи на играчи кои ќе го засилат Тиквеш. Тоа ќе се официјализира следните денови“, рече Масларков.
Што се однесува до играчкиот кадар, замина Ѓоко Спасов во Турција, а Иван Ивановски побарал да замине, по што клубот му излегол во пресрет.
„Иако се наоѓаме во опасната зона, но мислам дека ќе направиме добри резултати во пролентиот дел. Што се однесува до играчкиот кадар, заминаа неколку играчи. Со неколку играчи се разделивме, побараа сами да си заминат. Еден од играчите кој си замина е Ивановски, кој доби понуда од странство и ние како клуб му излеговме во пресрет и му дозволивме таму да ја продолжи кареирата. Во моментов сме со тие играчи кои ќе го понесат товарот во вториот дел од сезоната, и ќе донесеме 3-4 нови засилувања“, изјави шефот на стручниот штаб, Борче Христов.
Екипата заминува во Анталија, каде се закажани два пријателски натпревари, а ќе се закажат уште два теста, а ќе се играат „контролки“ и во Македонија и пред заминувањето во Анталија, и по враќањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

