Ракометарите на Тивкеш славеа на домашен терен над Пелистер 2 со 28-26 во натпревар од 1. коло во новата сезона во Суперлигата на Македонија.
Натпреварот почна израмнето двата тима играа гол за гол се до средината на првото полувреме кога домаќините за првпат стигнаа до четири погодоци предност 12-8, а до паузата успеаја да ја задржат оваа предност (14-10).
Како одминуваше натпреварот гостите од Битола играа се подобро па во последната третина влегоа со негатива од само еден погодок 19-18. Иако во израмнета игра домаќините успеаја да ја зачуваат предноста и на крајот да стигнат до конечен триумф од 28-26.
Мирко Мајиќ со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Белистојаноски, Димитровски и Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА