Вкупно четири гола по првите 45 минути на денешните натпревари во Првата македонска фудбалска лига.
Во Кавадарци има предност Тиквеш од 1-0, кој во раната фаза од мечот поведе со голот на Садик. Лесно можеше кавадаречкиот тим да има и 2-0, меѓутоа домашните ја погодија стативата.
Финишот на првото полувреме му припадна на Македонија ЃП. „Лавовите“ се обидоа со неколку центаршутеви и акции да го загрозат голот на Стековски, но не успеаја.
Во Гостивар се игра интересен фудбал, каде резултатот е 2-1. Рамадани успеа да погоди по една супер акција, и да го донесе тимот на Арсими во предност.
Сепак, по една долга акција Шкупи успеа да израмни преку Рибеиро.
Арсими напаѓаше, имаше неколку добри шанси, меѓутоа до предност дојдоа во финишот од првиот дел кога Шефити погоди во противничката мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

