Тиквеш со рутинска победа над Куманово

Ракометарите на Тиквеш оствари рутински триумф во дуелот со Куманово со 33-26 (полувреме 15-11), забележувајќи ја 11-тата победа во ракометната Супер-лига.

Кавадарчани уште од првата минута дојдоа до предност, и не ја испуштија до самиот крај, туку само ја зголемуваа. Во финишот Тиквеш ја имаше и најголемата предност од +8, која кумановци само успеаја да ја намалат на седум.

Мартин Димовски со девет голови од девет обиди беше најефикасен. Кај Куманово Ончев беше најефикасен со девет голови од 18 обиди.

Се вчитува...