Кавадаречки Тиквеш пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток ќе ја чека со шест нови засилувања. Најново име меѓу кавадарчани е младиот напаѓач на Работнички, Марио Станковски.
Освен со Станковски, Тиквеш досега во преодниот рок се засили и со Петар Најдов и Марјан Ташков од Кит Го, потоа Донат Алиу од Шкендија, најдобриот фудбалер на Кожуф од есенскиот дел, Марјан Ристовски како и Андреј Лазаров дојде од екипата на Работнички.
Клубот, пак, го напуштија Дарко Илиески и Наумче Бакрачевски. Илиески својата кариера ќе ја продолжи во борец, додека Бакрачевски се пресели во Брегалница Штип.
Петар Љамчевски се врати во Пелистер
По Горан Ганчев и Ристе Марковски, Пелистер за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад се засили и со битолчанецот Петар Љамчевски кој се враќа во клубот по минатогодишниот настап за кратовски Силекс.
27-годишниот Љамчевски, кој е дете на Пелистер, претходно во својата кариера има настапувано и за Металург и Еуромилк ГЛ.
Благојче Коњарски во Лабуништа
Искусниот Благојче Коњарски од Пелистер го засили тимот на Лабуништа.
Во минатото Коњарски го носеше дресот и на Младост Царев двор, Македонија ЃП, Напредок и Силекс. Тој е втор ангажман на Лабуништа, откако голманот Мугни Опре прв и пристапи на второпласираната екипа во Втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА