Подготвувајќи се за своите настапи во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, Тиквеш денеска во Охрид триумфираше со 2-0 на пријателскиот натпревар против косовскиот шампион Балкани.
По триумфот од 4-3 против Струга ТЛ во претходниот тест-дуел, нова победа за избраниците на Ѓорѓи Мојсов кој денеска сосема заслужено славеа и против Балкани.
Кавадарчани до предност од 1-0 дојдоа со голот на Бразилецот Робертињо во 70. минута од средбата, а конечните 2-0 ги постави Вареловски во самиот финиш од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА