Раководството на Тиквеш беше принудено да се активира повторно на пазарот и да најде замена за Мајкл Грин, Американецот кој играше одлично од стартот на сезонава, беше лидер на кавадаречкиот клуб, но потоа заработи тешка повреда.
Откако беше обелоденето дека Грин нема да може да се врати до крајот на сезоната експресно почна потрага по нов бек поентер, а на крајот изборот падна врз Кион Клергот. Станува збор за 28-годишен кошаркар кој има искуство од настапи во Европа, во шампионатите на Словачка, Турција и Португалија, каде лани ги бранел боите на Луситанија и во просек бележел по 13,8 поени и 3,2 асистенции по натпревар.
Останува да се види колку Клергот ќе биде успешна замена за Грин, ако се знае дека овој кошаркар имаше 25 поени по натпревар во дресот на Тиквеш до повредата.
Кавадарчани во моментов се наоѓаат на десеттото место на табелата со скор 2-6, а утре во рамките од деветтото коло ќе го пречекаат тимот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА