Тиквеш се избори повторно за пробив на четвртата позиција на табелата во Суперлигата на Македонија откако во последниот натпревар од 11. коло триумфираше со 24-23 против Бутел.
Повеќе од драматичен меч во Кавадарци кој на крајот им припадна на домашните благодарение на поголемата концентрација во самиот финиш од средбата.
Тиквеш од самиот старт на дуелот постојано одржуваше минимална предност, за еден гол разлика против Бутел и на полувремето (14-13). Во ист стил на игра и во вториот дел со дојде до посакуваната победа.
Во победничкиот тим Евгениј Темелковски, Страхиња Симиќ и Арнад Хамзиќ постигнаа по пет гола, додека Кристијан Атанасовски заврши со четири погодоци. Кај Бутел Скопје, шест гола постигна Филип Николов, а Димитар Ѓеоргиевски запиша пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА