Tиквеш во последниот период го урна отпорот на Гостивар

Koшаркарите на Тиквеш стигнаа до победа во првиот натпревар во 2026 година откако на домашен терен славеа против Гостивар со 81-73 во меч од 12. коло од Првата лига.

Двете екипи одиграа израмнето прво полувреме, а доказ за сето тоа е резултатот кој стоеше на семафорот во салата „Јасмин“ на паузата меѓу двете полувремиња 42-44. Во третиот период гостите од Гостивар беа подобар противник, па пред влезот во последните десет минути отидоа со позитива од 55-61.

Сепак, кавадарчани одиграа неверојатно во последната четвртина во која противникот го оставија на едноцифрен број постигнати поени и на крајот заслужено се радуваа на триумф од 81-73.

Стефан Глигоријевиќ со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 25 поени на Јован Црниќ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...